ССМ: Министрите на работничките столчиња само што не ја започнале седницата за зголемување  на платите за 2806 денари‼️

137

Министрите на работничките столчиња само што не ја започнале седницата за зголемување  на платите за 2806 денари‼️

Ова е саркастична забелешка на Сојузот на синдикатите на Македонија на вториот ден од штрајкот на јавната администрација за линеарно зголемување на платите од 2.806 денари од 1 јули и исплата на К-15 во висина од 30 до 100 проценти од основицата од наредната година.

Денеска ССМ нареди 21 столче пред Владата , за секој министер по едно повикувајќи ги да дојдат и да ги исполнат барањата.

Вчера ССМ протестираше пред Собранието, каде што постави 120 столчиња, за секој пратеник по едно со што ги повика да го прифатат нивниот амандман на ребалансот на буџетот со кој би се обезбедиле пари за бараното зголемување на платите.

Јавната администрација од вчера е во штрајк. На работните места се сите административци, а работат само 10 проценти за да ги извршуваат итните работи и оние што се потребни за да не се загрози здравјето и животот на граѓаните. Во штрајк се вработените во правосудството, управата, здравството, културата, одбраната, безбедноста, општините, комуналните претпријатија…