ССК ќе презентира анализа за соработката на домашните компании со слободните економски зони

15

Сојузот на стопански комори на Македонија денеска ќе презентира анализа за актуелната соработка на домашните фирми со компаниите од економските зони.

Ќе бидат претставени и детектираните и предизвици со кои се соочуваат малите и средни претпријатија за отпочнување на соработка со компаниите од слободните економски зони.

На настанот најавено е обраќање на извршниот директор на Комората, Александар Зарков и членот на Управниот одбор на Комората, Трајан Ангелески.