Срцето ми се скрши поради Ботас, Формула 1 е суров спорт

55
www.sutton-images.com Valtteri Bottas (FIN) Mercedes-AMG F1 and Toto Wolff (AUT) Mercedes AMG F1 Director of Motorsport at Formula One World Championship, Rd6, Monaco Grand Prix, Qualifying, Monte-Carlo, Monaco, Saturday 26 May 2018.

Шефот на Мерцедес, Торо Волф, изјави дека тимската наредба по која Валтери Ботас му ја предаде победата на Луис Хамилтон на Руското Гранд при годинава му го скршила срцето.

Борбата за титулата сезонава беше изедначена во првиот дел од првенството, така што „сребрените стрели“ донеле одлука со која целосно го поддржале Хамилтон за да направи поголема разлика во однос на својот конкурент од Ферари, Себастијан Фетел. Ботас во Сочи имаше пол – позиција и водеше во голем дел од трката, но мораше да ги испочитува тимските наредби и го пропушти својот колега, па потоа и да ја штити неговата позиција. На две трки пред крајот на сезоната, Хамилтон стана шампион, пред се поради Валтери.
  • Моравме да ја извршиме таа ужасна тимска наредба, трката требаше да ја добие Валтери, но со цел да донесеме повеќе поени кај Луис, одлучивме да ги замениме. Тоа е нешто што никој не го посакува, никој не беше задоволен од таквиот расплет на настаните, тоа беше очигледно, а не бев задоволен ниту јас затоа што тоа не е според нашите принципи на работа. Во тој период имавме тешка борба со тимот на Ферари и немаше шанси да оставиме нешто на случајноста. Кога Валтери се помести и го пропушти Луис, срцето ми се скрши за него затоа што се чувствував ужасно. Овој спорт може да биде суров понекогаш, а ова беше еден од тие моменти, објасни Волф.

Самиот Хамилтон откри дека се чувствувал чудно и непријатно по таквата победа и се надева дека Мерцедес никогаш нема да има потреба да го повторува тоа.

  • Русија беше тешка трка за мене. Никој не сака да предава позиции, само седнуваме и се бориме за што подобар пласман на патеката. Валтери беше побрз од мене тој викенд и заслужи да победи. Беше чудно кога го добив повикот дека Валтери ќе ме пропушти. Тоа не е начин на кој сакам да победувам. Кога минав низ целта бев збунет затоа што во срцето знаев дека не требаше да биде така. Но, во животот, како и во тркањето, мора да ги зграпчите шансите и да ги оставите чувствата на страна затоа што не секогаш излегува онака како што планирате.  Остатокот од трката сакав да му ја вратам позицијата, но мораше да се држам до тимската одлука затоа што знаев дека тие се во право. Тоа беше важен ден за тимот, беше тешко за Ботас, но тој доби огромна почит од сите. Се надевам дека никогаш повторно нема да имаме такво сценарио, се присети Хамилтон.