Среќен сум поради момците од Наполи

72

Наполи со 2:1 го победи Јувентус во дерби натпреварот од 21. коло од италијанскта Серија А. На тој начин, тимот чии дрес го носи и репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас, директно му помогна на Интер и на Лацио во борбата за популарното „скудето“.

Бранителот на тронот одигра под очекуваното ниво против „азурите“ кои се на 12-та позиција на првенствената табела, а по пауза од две години, предводникот на „старата дама“, Маурицио Сари, се врати на „Сан Паоло“.

Искусниот стручњак моментално е тренер на Јувентус, а од 2015 до 2018 година беше тренер на Наполи. Најрадикалните фанови на Наполи не ја примија со воодушевување информацијата дека Сари е именуван за нов тренер на Јувентус и од тој момент постојано вулгарно го навредуваат поранешниот предводник на Емполи и Челзи.

Освен поради поразот, навивачите на Јувентус беа дополнително изнервирани поарди изјавата на Сари која ја даде на крајот од натпреварот.

  • Дали сум лут поради поразот од Наполи? Искрено, не! Среќен сум поради момците со кои имам нераскинлива врска. Ако морав од некого да загубам, тогаш мило ми е што загубив од нив, затоа што многу им должам, изјави Сари.

Од друга страна, најрадикалните фанови на Наполи постојано го наредуваат поради фактот дека е тренер на омразениот клуб.

  • Нормално, Наполи има посебно место во мојот живот и секогаш е емоционално кога се враќам во овој град, додаде Сари.