Средства од јапонскиот фонд за борба против Ковид по грешка му легнале на сметка, прокоцкал повеќе од 300.000 евра

145

Јапонецот, кој случајно добил повеќе од 300.000 евра од фондот за помош за борба против ковид, ги прокоцкал сите пари за само две недели и сега исчезнал.

Повеќе од 450 домаќинства со ниски приходи требаше да добијат владина помош од околу 700 евра за да се намали финансискиот притисок.

Наместо тоа, целиот фонд од 46,3 милиони јени – 300.000 евра бил уплатен на сметката на неименуван 24-годишен маж, кој вадел готовина секој ден околу две недели, што локалните медиуми тврдат дека ги прокоцкал.

„Веќе ги преселив парите. Не може да се вратат. Тоа веќе не може да се врати. Во моментов немам пари и немам имот од таа вредност. Впрочем, тешко е да се врати“, ја цитираатмедиумите изјавата на Јапонецот.

Неговиот адвокат рече дека неговиот клиент соработувал, но полицијата во моментов не може да му влезе во трага.

По проверката на пријавата ќе ја разгледаме работата за да ја решиме“, рече адвокатот.

Градоначалникот на АБУ, префектурата Јамагучи, Норихико Ханада, рече дека би било „непростливо“ доколку овој човек ги прокоцкал сите пари.

Даме Мег Хилиер, претседателка на Комитетот за јавни сметки, рече дека бројот на грешки и можноста измамниците да пристапат до шемите за поддршка на Ковид е „неприфатлив“.

„Околу 15 милијарди фунти од парите на даночните обврзници беа изгубени од шеми и заеми. Но, се очекува таа бројка да биде многу поголема бидејќи сè уште не се знае колку пари се изгубени поради измами и грешки во одговорот на владата за Ковид.„Се проценува дека само „шемата за отсуство“ ќе изгуби 6,2 милијарди евра поради измами и грешки“, рече Хилер.

Комисијата за јавни сметки е загрижена што Министерството за финансии во моментов не планира во иднина да ги разликува трошоците за ковид од вообичаеното трошење на одделот.

„Недостигот на подготвеност и планирање, во комбинација со слабостите во постоечките системи низ владата, доведе до неприфатливи нивоа на грешки, трошење, загуба и отвореност кон измамниците кои на крајот ќе украдат милијарди евра од сегашните и идните даночни обврзници. Од суштинско значење е сè додека ги плаќаме трошоците за Ковид, што е најмалку во следните 20 години, да внимаваме на што се трошат. Владата на овој начин мора да одговара пред сите идни даночни обврзници. „Ова е најважното нешто за да се осигури дека ќе се научат лекциите кога ќе се случи следната голема криза, било да е тоа климатска, здравствена или финансиска“, рече Хилер.