Средби во месните заедници на Маврово и Ростуше за предлог проекти за буџетот во 2019 година

7

Со цел непосредно да се чујат барањата и потребите на жителите и во рамки на можностите да бидат опфатени во Нацрт- буџетот за 2019 година, во општина Маврово и Ростуше во тек се средби со претставници на месните задници.

-Ваквите средби се во функција на подготовка на општинскиот буџет за следната година. Ќе бидат земени предвид како проекти за реализација во тековната година согласно финансиските можности. Внимателно ги слушаме предлозите на граѓаните, кои очекуваме во најголем дел да влезат во Нацрт-буџетот, во делот на расходи, вели Фикрет Ибрами, портпарол на Општината.

Општина Маврово – Ростуше освен средбите, ги прима и идеите и предлозите од граѓаните во писмена форма или усно до градоначалникот Медат Куртовски.

-Предлозите се однесуваат за решавање на инфраструктурни потреби од областа на урбанизам, заштита на животна средина, локален економски развој, комунални дејности, култура, спорт и рекреација, социјална заштита, образование, здравствена заштита и слично, рече Ибраими.