Средба на Спасовски со почесните конзули во Кралството Холандија, Фридберг и Тулевски

23

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на посетата на Холандија се сретнал и со почесните конзули на Република Северна Македонија, Бено Фридберг и Игор Тулевски.

– Посетата на Кралството Холандија ја искористив да се сретнам и со почесните конзули на Република Северна Македонија Бено Фридберг и Игор Тулевски, како одлична можност да се потврдат пријателските односи помеѓу двете земји, при што бев информиран за досегашните активности и за потенцијалите за унапредување на соработката, напиша Спасовски на неговиот фејсбук профил.

Заеднички се согласиле, како што пишува Спасовски, дека напредокот на Република Северна Македонија е од заеднички интерес, кон што би придонело зајакнувањето на економската димензија во билатералната соработка, а била истакната и подготвеноста за подинамичен пристап кон афирмација на нашата држава.

Изразил благодарност до почесните конзули за нивниот придонес и заложбата за промоција на нашата држава.