Средбата Меркел-Заев почна и заврши, содржината на разговорот засега мистерија

78

Во кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин утринава во 9:30 часот почна средбата на германската канцеларка со Зоран Заев, пренесе „360 степени“. На 40-минутната средба со германската канцеларка Ангела Меркел една од клучните теми требаше да биде датумот за старт на преговорите со ЕУ.

По состанокот немаше изјави за медиумите. Засега нема официјални информации кои се пораките од Меркел за очекувањата на Владата во Скопје за одредување датум за почеток на преговорите со ЕУ на претстојниот самит на лидерите на земјите членки на Унијата на 20 и 21 јуни во Брисел.

Според аналитичарите, изборот на бојата на палтото на германската канцеларка никогаш не е случаен, туку со него се испраќа порака соодветна за средбата и видот на разговорот. Меркел носи сино палто кога треба да делува сериозно, но не и строго, велат анализите, а денес во палто со сина боја го пречека премиерот.