Србија ќе плаќа три пати поевтин гас од останатите земји, Вучиќ се договори со Путин

33

Српскиот претседат Александар Вучиќ по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин рече дека е договорено Србија да плаќа три пати поевтин природен гас од останатите европски земји, а цената ќе биде само малку повисока во однос на онаа која ја добиваат најголемите земји-сојузници на Русија. Повод за разговорот беше истекот на десетгодишниот договор за снабдување на природен гас кој завршува на 31 мај.

„Ќе потпишеме тригодишен договор, што мислам дека е исклучително погоден за српската страна, а другиот елемент е платформа која ќе остане иста, многу поволна за нашата земја“, изјави српскиот претседател за време на обиколката на Магацин на стоковни резерви.

„Продолжуваме по истата формула, формулата за нафта од 100 отсто, од 310 на 408 долари за илјада кубни метри гас. Но, потребно ни е покачување за 800.000 кубни метри гас и останува да се преговара за цената за таа дополнителна количина, но за 2,2 милиони ова е договорено. Само некои од земјите во сојуз со Русија можат да имаат нешто, но само нешто подобра цена од оваа“, рече Вучиќ.

„Имате формула за нафта и ја земате цената на нафтата и врз основа на тоа ви се прави цена. Се плашевме дека ќе добиеме понуда од 70 проценти TTF и 30 проценти нафтена формула, но нафтената формулата за 100 процентие најдобрата што можеме ја добиеме“, објасни тој.

„Му објаснив на Путин дека, благодарение на индустријализацијата на земјата, на Србија и треба повеќе гас, но сепак треба да разговараме за тоа со Гаспром“, додаде тој, додавајќи дека Путин рекол да го побара повторно ако е потребно.

„Ќе имаме сигурна зима ако реализираме се што договорив со претседателот Путин. – истакна Вучиќ.