Кошаркарите на Србија конечно го имаа првиот посериозен испит на Мундобаскетот во Кина, но успеаја да излезат непоразени во дуелот против Италија (92:77).

Нашиот северен сосед ја имаше резултатската контрола во текот на натпреварот. Иако на моменти Италијанците знаеја да дојдат на пристојна негатива, сепак Србија веднаш „интервенираше“, па ја зголемуваше својата предност на над десет поени разлика, што впрочем се покажа како клучна и на крајот од мечот.