Кошаркарската репрезентацијата на Србија имаше водство цели 38 минути, но на крајот загуби од „дрим-тимот“ на САД во полуфиналето на Олимписките игри со 95:91. Американците беа загубени на теренот скоро три четвртини, но одиграа најцврсто кога беше најпотребно и го срушија сонот на Србија за триумф над првиот фаворит.

Најефикасни во победничкиот состав беа Стеф Кари со 36 поени и Џоел Ембид со 19, додека кај Србија најдобар поединец беше Богдан Богдановиќ со 20 поени, а Никола Јокиќ додаде уште седумнаесет.

САД во големото финале ќе се соочат против селекцијата на домаќинот, Франција, во борбата за најсјајното одличје од кошаркарскиот турнир во Париз.