Србија број еден во Европа, Македонија ја следи по бројот на заболени и починати од рак

637

 

Србија е првата држава во Европа по смртност од канцер, а секоја година во оваа зенја во просек за три отсто расте бројот на пациенти на кои што им се дијагностицира  ракот. Годишно над 40 илјади лица се борат со ова заболување,а најчесто мажите  заболуваат од рак на бели дробови,а жените од ракот на дојка.Само последната година во Србија кај 5.000 илјади пациентки е дијагостицирана болеста, а 1.800 ја изгубиле битката. Во Македонија пак скоро осум илјади лица годишно се дијагностицираат со канцер. Од нив 54 отсто се мажи, а 46 отсто се жени и тоа најмногу со  рак на дојка.

 

 

Србија е првата држава во Европа по смртност од канцер, а секоја година во оваа земја во просек за три отсто расте бројот на пациенти на кои што им се дијагностицира  ракот. Причина за зголемениот број заболени и починати од рак во оваа балканска земја се бомбардирањата на НАТО,пред 25 години кога биле употребени  бомби со осиромашен ураниум.Годишно над 40 илјади лица се борат со ова заболување. Најчесто мажите  заболуваат од рак на бели дробови,а жените од ракот на дојка.Само последната година кај 5.000 илјади пациентки е дијагостицирана болеста, а 1.800 ја изгубиле битката.

Секоја година во Србија во просек се регистрираат повеќе од 370 деца со некој вид малигнитет, на возраст до 19 години, а речиси две третини од новодијагностицираните деца се на возраст до 15 години. Овие загрижувачки бројки ги соопшти Институтот за јавно здравје на Србија „Милан Јовановиќ Батут“ по повод Светскиот ден на децата заболени од рак. Во Србија, ракот кај децата и адолесцентите сочинува меѓу 0,8 и еден процент од сите нови случаи на малигни заболувања.Просечно годишно 44 деца под 19 години ја губат битката со оваа болест.

Според лекарите употребата на куршуми со осиромашен ураниум и друго забрането оружје претставува долгорочна опасност за луѓето и животната средина, чии последици и денеска се чувствуваат во целиот регион.

–  Во текот на ова сурово и безмилосно бомбардирање беа исфрлени илјадници тони бомби “збогатени” со “осиромашен ураниум”. И по четврт век инциденцата на малигни заболувања во трите нови земји директно бомбардирани Србија, Црна Гора, Косово, но и во соседните држави меѓу кои и Македонија е далеку повисока од останатиот дел на европскиот континент. Коинциденција, или …- напиша доктор  Нико Беќаровски, од Клиниката за токсикологија на својот фејсбук профил .

Во Македонија пак скоро осум илјади лица годишно се дијагностицираат со канцер. Од нив 54 отсто се мажи, а 46 отсто се жени и тоа најмногу со  рак на дојка. До 50 годишна возраст жените се застапени со 60.19%, а мажите со 39.81%. Над 50 годишна возраст мажите се застапени со 56.79% за разлика од жените кои се застапени со 43.21%. Околу 87.8% од случаевите на рак се меѓу популацијата која е постара од 50 години, од кои помеѓу 50 и 60 години се 19.3%. Околу 0.38% од случаевите на карционом се јавуватaт кај деца и адолесценти помлади од 15 години.

Најзастапени дијагнози во земјава се канцер на бели дробови, малигната неоплазма на дојка, други малигни неоплазми на кожата, колон, желудникот и тн.Најголемиот број од лицата што се борат со овие тешки болести се од Скопје,а во помалите градови  во однос на бројот на  жители бројката е помала.Во Македонија канцерот е болест која е втора по смртноста.

Светската здравствена организација очекува во 2034 година бројот на лицата што на годишно ниво од рак ќе  заболуваат ќе достигне 24 милиони,а смртноста ќе биде околу десет милиони. Изминативе години околу 400.000 деца годишно заболуваат од рак ширум светот. (В.Ма.)