„Србите подготвуваат огромни немири на дуелот со Англија“

1767

Германија како организатор на Европското првенство значително ги зголеми безбедносните мерки на улиците во градовите каде се играат натпреварите.

Сосема е јасно дека во оваа земја ќе дојдат стотици илјади навивачи од сите земји, а Германците најмногу се плашат од хулиганите од Србија кои имаат многу лоша репутација.

Германците пред денешниот натпреварот (21:00 ч.) помеѓу Србија и Англија во Гелзенкирхен, одлучија значително да ги зголемат безбедносните мерки. Зголемен е и бројот на полициски сили, а причина се хулиганите.

И додека некогаш се плашеа од Англичаните кои со години правеа проблеми, сега главен страв на Германците се Србите кои веројатно ќе бидат мнозинство на овој меч.

Има одредени индиции дека во Гелзенкирхен ќе пристигнат близу 500 српски хулигани. Наводно тие доаѓаат со цел да направат големи немири пред мечот со Англичаните.

„Германската полиција се плаши дека околу 500 хулигани од Србија ќе се обидат да предизвикаат огромен бунт на натпреварот против Англија во недела“, пишува на една од хулиганските страници на социјалната мрежа Х.

Затоа полицијата е на низок старт. Пред овој натпревар се прават посебни подготовки и безбедносните мерки ќе бидат многу поголеми отколку на другите натпревари.

Англичаните се плашат и од навивачки конфликти. Тие јасно ги предупредија своите навивачи да не прават проблеми со хулиганите од Србија бидејќи може многу да зажалат.

Новинарот Дејвид Вилкс правеше приказна за навивачките групи во Белград и ги издвои навивачите на Црвена звезда популарните „Делии“. Ги најави во Германија и предупреди за нив.

„Тие се озлогласени националисти кои не знаат само да кршат глави. Тие се специјализирани како банда за политичко насилство, организиран криминал и рекетирање“, вели Вилкс и додава:

„Групата има 10.000 фанови. 3.000 од нив се ултраси, а околу 300 од нив се вклучени во организиран криминал“.

Вилкс ги предупреди навивачите на Англија да не се плеткаат со Србите, а тој сподели порака од еден од нив упатена до навивачите на оваа селекција: „Господ да ви помогне“.

Натпреварот меѓу Србија и Англија дефинитивно е натпревар од висок ризик. Германците велат дека се подготвени да почекаат и ќе видиме дали ќе се остварат најавите за нереди.