СРБИНКА ПРОГЛАСЕНА ЗА ЖЕНА ХЕРОЈ ВО АМЕРИКА:Спасила дете оставено голо на улица

35

 

Ирена Ивиќ, возач на автобус по потекло од Прокупње, спасила едногодишно дете во Миливоки кое босоного, по ладно време одело по улица додека на себе имало само боди и пелени

Таа возела градски автобус по улиците на Милвокиа, на својата секојдневна рута, кога во еден момент го свртела погледот здогледала босоного дете , старо околу две години , како само талка по улиците. Детето било слабо облечено , босоного , додеека надвор тепературата била длабоко под нулата.

Одма го сопрела автобусот со пaтниците со него , истрчла од автобусот и тргнала кон детето. Го земала и го внела во автобусот ,а една од патничките ја соблекла својата зимска јакна за да го завиткаат детето за да се стопли

Ивиќ со детето во прегратка ,ги повикала надлежните служби и чекала тие да дојдат. Кога дошле полицајците и пожарникарите го презеле детето ,а подоцна било утврдено дека мајката сама го оставила детето во дворот.Социјалне служби детето му го предале на таткото.

Градските власти во четвртокот одржале прес конференција за да и оддадат почит на Ирена Ивиќ ,а таа по тој повод само кусо се заблагодарила и рекла дека т се нашла на право место во вистинско време, пренесува српскиот весник Блиц.
Полицијата информирала дека детето било уплашено,но не било повредено

Според информациите на полицијата , детето се изгубило во моментот кога неговата мајка имала психички кризи.
Ова е девети пат изминативе неколку години возачи да “налетаат” на изгубени деца.