СП кошарка: Шпанија подобра од Србија

31

Репрезентацијата на Шпанија попладнево ја победи Србија со 81:69 и го освои првото место во осминафиналната група Ј.

На другиот денешен дуел од оваа група Италија го совлада Поротико по продолжение со 94:89.

Шпанија во четвртфиналето ќе игра со Полска која заврши на втората позиција во групата И, додека Србија ќе игра со првопласираната Аргентина.