Спроведена пролетна дезинсекција и дератизација во Центар

90

Општина Центар во пресрет на летото спроведе редовна пролетна дезинсекција и дератизација на целата територијата, информираше на својот фејсбук-профил градоначалникот Саша Богдановиќ.

Како што пишува во информацијата, пролетната дезинсекција и дератизација е извршена на сите улици, на сите паркови, околу сите градинки и училишта.