Високите температури и влажниот воздух ни се големи непријатели, бидејќи ни ја крадат енергијата и влијаат на прекумерното потење.

Еден од природните начини да ги ублажиме последиците од жештините е да се наоружаме со јаболков оцет. Тој има ефект на сушење и смирувачко дејство, па претставува идеално средство за проблемите со потењето.

За да го ублажите потењето, разблажете чаша оцет со пола чаша млака вода, па со тоа натопете една памучна ткаенина и ставете облоги на стапалата, дланките, па дури и под пазувите. Држете ги така половина час.

И не грижете се поради миризбата на оцетот, штом се исуши ќе испари.