Спортските натпреварувања може да продолжат, но без публика

20

Владата на денешната седница донесе одлука за престанок на важењето на забраната за одржување спортски натпревари во колективните спортови.

Како што соопшти владината прес-служба, на седницата е прифатена и препораката на Комисијата за заразни болести федерациите да го почнат организирање спортски настани со стриктно почитување на упатствата за натпревари без публика и на другите препораки кои се однесуваат на запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите вклучени во натпреварите.