Бројни спортисти, спортски легенди, челнови на неговата фамилија, судии, високи претставници на спортски федерации, на комеморацијата му оддадоа последна почит на кошаркарската легенда Благоја Георгиевски – Буштур, кој загина во средата навечер во сообраќајна незгода која се случи во скопската населба Кисела Вода.

Македонија се прости од еден од спортистите кои остави траен белег за спортот во нашата земја.

Беше отворена и книга на жалост, а комеморацијата беше отворена со една минута молчење.

ФОТО: Петр Стојановски