Светската атлетска федерација во четвртокот ги објави резултатите од своето истражување, според кои дури 87 отсто од навредливите коментари објавени на социјалните мрежи за време на овогодинешната Олимпијада во Токио биле упатени кон спортистките.

Истражувањето е спроведено во соработка со технолошката компанија Signify Group, и вклучува 161 твитер профил на сегашни или поранешни спортисти (81 жена и 80 мажи).

Според него, во периодот од една недела пред почетокот на Игрите до денот по завршувањето, на овие профили се објавени вкупно 240.707 пораки, од кои 23.521 фотографија. Пронајдени се вкупно 132 дискриминаторски пораки од 119 различни автори од кои 23 автори чии профили биле следени.

Дури 115 од тие 132 пораки биле испратени до спортистки, а 63 отсто од сите навредливи коментари биле упатени на две спортистки со темна кожа.

Најголемиот број навредливи пораки, 29 отсто, биле сексистички по природа, 26 отсто биле расистички, 25 отсто биле неосновани обвинувања за допинг, 10 отсто биле хомофобични пораки, а останатите биле ксенофобични, сексистички, заканувачки и пораки поврзани со нечии способности.

Иако сочинуваа само 23 отсто од спортистите опфатени со студијата, американските спортисти беа цел на 89 отсто навредливи коментари.