Спонзорите ме одбиваа заради моето потекло

163

Туниската тенисерка Онс Жабер откри дека многу спонзори ја одбивале само заради нејзиното потекло ( поточно само заради тоа што е од Тунис) и дека заради тоа е многу повеќе горда на себе што од денеска ќа биде во Топ 10 тенисерки на ВТА листата.

После завршување на мастерс тенискиот турнир Индијан Велс, Жабер ќе биде во првите десет тенисери во АТП листата. Таа ќе стане првата Арапка во историјата која ќе се најде во одбраното друштво.

-Мноду е поинаку кога доаѓате од мојата земја, отколку кога сте од САД, Франција или Австралија. Не само играчите од тие земји можат да гледаат други тенисери, имаат повеќе тениски клубови и турнири, туку и спонзорите мене ме одбиваа заради тоа од каде потекнувам, изјави Тунжанката.

Жабер (27) истакна дека заради тоа морала повеќе да работи за да стигне до целта.

-Навистина сум горада на тоа каква личност сум денеска. Не се ослонувам на други. Не сакав да зависам од спонзори или некој што воопшто не се грижи за тенис и кого спортот не го интересира, вели тенисерката.

Жабер во полуфиналето на Индијан Велс загуби од Шпанката Паула Бадосе.