Спиењето на страна влијае на варењето и на здравјето на срцето – а, сепак, не е сеедно дали ја избирате десната, или левата

16055
Фото:пекселс

Ако спиете на страна, ја претпочитате левата или десната? Експертите открија дека има значителна разлика и дека треба да и дадеме предност на едната страна.

Позицијата на спиење е исклучително важна за секој од нас и често е речиси невозможно да заспиеме ако не спиеме на вообичаен начин за нас. Меѓутоа, доколку преферирате да спиете на страна, треба да размислите на која страна треба да и дадете приоритет, пишува Well+Good.

Поставувањето на вашето тело во оптимална положба додека спиете на страна помага да се намали болката во грбот, а познато е дека спиењето на ваша страна ги отвора дишните патишта и може да помогне при ‘рчењето.

Интересно е тоа што спиењето на страна влијае и на варењето, како и на здравјето на срцето, а страната на која спиете ќе има особено изразен ефект врз овие две категории.

И покрај потенцијалните придобивки, спиењето на страна исто така може да предизвика непријатност, како што се болки во рамото или колкот, особено ако телото не е правилно поддржано со перници или душек.

На која страна да спиеме?

Навистина не постои само еден точен одговор на ова прашање, тоа зависи од вашата здравствена состојба. Спиењето на страна има ефект врз гастроинтестиналниот и кардиоваскуларниот систем, па може да влијае на здравјето на желудникот и срцето.

Левата страна е посоодветна за одржување на здравјето на желудникот, особено ако страдате од рефлукс на киселина. Исто така, постојат научни докази кои потврдуваат дека приоритет треба да се даде на левата страна за време на бременоста бидејќи го подобрува протокот на крв кај мајката и бебето.

Десната страна е подобра опција за вас доколку имате кардиоваскуларни проблеми. Сепак, нема докази дека спиењето на оваа страна може да помогне во одржувањето на здравјето на срцето или да ги спречи проблемите однапред.

Оптималната положба за спиење е најудобна

Има многу истражувања кои го поддржуваат спиењето на ваша страна наместо спиењето на грб или стомак доколку сакате да го оптимизирате дишењето ноќе, да го ублажите ‘рчењето, да намалите одредени болки и да го подобрите варењето. Меѓутоа, освен ако немате специфичен здравствен проблем кој строго диктира одредена положба за спиење, не треба да бидете строго фокусирани на самата поза.

Експертите се согласуваат дека квалитетот на вашиот сон е многу поважен за одржување на целокупното здравје отколку вашата положба на спиење. Тоа значи дека најдобрата