Спасовски ја објасни траекторијата по која бегал Палевски

402
Адвокатот го однел во Беград и таму е оставен во хотел, Таму го презема друго лице и со ренџ ровер преку граничниот премин Градина го носи во Бугарија, од каде е транспортиран во Турција каде оди во градот Баликесир.

-Таму нашите служби стапуваат во контакт директно не само со полицијата туку и со еден нивен оперативен извор кој за многу кратко време ни потврди дека лицето се наоѓа во Баликесир и ни ги кажа неговите намери. Од таму сакал да замине во Истанбул – објасни Спасовски.

Според сознанијата, негова цел била да оди во Истанбул, и затоа земал такси, дознавме од изворот, заминал од Баликесир се упатил во Истанбул, но само симулирал дека ќе оди таму и пак се вратил во Баликесир.

Се на што дадовме одговор вчера не е променето, сега започнува официјалната истрага и сега ќе ги добивате сите информации како што ќе бидат проследени.