Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва на прес конференција потврди дека осомничениот за убиство на Вања Ѓорчевска, лицето Љупчо Палевски-Палчо е фатен во Турција.
„Уапсен е креаторот, планерот, главниот координатор и директниот извршител на овие грозоморни дела“, потврди Спасовски.
„Тој беше последната алка од овој грозоморен чин, која недостасуваше за да кажеме дека сме заврише се како Министерство за внатрешни работи, кажа Спасовски.