Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски нема информации дека Наим Алили, лицето во чиј што објект во кумановското село Ваксинце наводно пред неколку дена биле пронајдени 81 мигрант, по апсењето и информативниот разговор во кумановската полиција бил пуштен на слобода. Спасовски за тоа ги обвини надлежните судски и обвинителни органи. Според него, поведувањето на понатамошни постапки не било надлежност на полицијата, туку на судските институции.
„Ние имавме активност во Ваксинце во кој што се откриени во една од куќите 81 мигрант. Приведено беше едно лице, сопственик на куќата и предадено беше на Основното јавно обвинителство за постапување во однос на кривичното дело, односно сомневање за извршување на кривичното дело. Јас немам информации дали е одредена било каква мерка, но тоа е проблем на државата, рече Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.