“Ве информиравме дека на минатата седница на Владата е донесена одлука во која е утврдено добивање на финансиски средства за секој член од тимот на „Медена земја“ како награда, по седум илјади евра за секој од членовите“, изјави премиерот Оливер Спасовски во Владата одговарајќи на новинарското прашање во врска со написите во некои медиуми дека во Министерството за култура немало пари за „Медена земја“ и оти бил прозван од партијата Алтернатива.
Тој информираше дека се одвоени посебни финансиски средства, посочувајќи дека двете номинации за Оскар се многу значаен и сериозен успех за нашата држава. “Јас, посебно, не можам да ги сфаќам сериозно сите изјави и информации кои доаѓаат од политичките партии, просто поради тоа што имаме предизборен период, па секој сака да си каже тоа што на него мисли дека му одговара“, истакна Спасовски.