Во вечерашната прес-конференција на МВР, во воведниот збор се обрати министерот за одбрана Оливер Спасовски кој официјално потврди дека осомничениот за убиство на Вања Ѓорчевска, лицето Љупчо Паловски-Палчо е фатен во Турција. Спасовски го опиша како креатор, организатор и извршител. Тој додаде дека Палчо бил на „црвена листа“, а информациите се добиени преку оперативни сознанија.
Тој посочи дека е доставен аи кривичната пријава.
„Кривичната пријава е изготвена на повеќе од сто страници, вклучувајќи ги доказите, предадена е во ОЈО. Опфатени се пет лица, од кои еден за грабнување и убиство, тројца за грабнување и соизвршителство и убстово и еден за помагање при грабнување, согласно доказите кои полицијата ги прибра. Предметот е во целосна надлежност на ОЈО“, посочи Спасовски.
Екстадициониот притвор продолжува преку Министерството за правда.