Спасен српски државјанин откако неговиот брод потона кај Миконос/видео

3390
Фото:принтскрин/фејсбук/Сидерис Мамидис

Екипажот на бродот кој пловел кон Кикладите спасил српски државјанин откако неговиот брод потонал во морето меѓу Тинос и Миконос.

Според извештаите, тој бил спасен од екипажот на бродот Супер експрес, кој пловел кон пристаништето во Рафина, пишува грчки Катимерини, а пренесе Еуроњуз Србија.

Човекот, кој бил сам во приватен брод, екипажот го собрал среде немирно море.

Спасеното лице, кое наводно е на возраст од четириесетина години и е од Србија, е во добра здравствена состојба.