Спасени 549 мигранти во Средоземно море

53

Шпанската поморска служба за спасување во текот на викендот успеа да спаси 549 мигранти кои се обиделе да преминат преку Средоземно море.

Службата соопшти дека вчера пресретнале шест мали чамци со вкупно 350 мигранти во водите источно од Гибралтар.

Денеска се спасени уште 199 мигранти кои се префрлиле на пет чамци од кои два гумени.

Според податоците на Обединети нации, 2.262 мигранти загинале преминувајќи го Средоземно море во 2018 година.

Податоците на Европската агенција за граници покажуваат дека околу 57.000 мигранти дошле во Шпанија во 2018 година, што е речиси двојно во споредба со претходната.