Спасени 107 мигранти на грчките острови Лезбос и Кос

45

Припадници на грчката крајбрежна стража и Фронтекс денеска, во два одвоени случаи на Егејското Море, спасија 107 мигранти и бегалци.

Во првиот случај, кај островот Лезбос, спасени се 56 мигранти кои се префрлени  во пристаништето Скала.

На островот Кос, пак, Фронтекс забележал гумен чамец со мигранти, по што се спасени 51 лице.