Со јајца и со домати врз српското Собрание

70

Денеска  во Белград учесниците на протестот фрлаа со јајца и домати врз зградата на Народното собрание на Србија, во моментот кога видоа дека пратениците излегуваат од зградата.

Полицијата се обиде да го казни лидерот на движењето Доста беше (ДЈБ), Саша Радуловиќ, бидејќи е блокиран сообраќајот пред Парламентот поради протестот организиан од ДЈБ. Но, Радуловиќ не е казнет бидејќи демонстрантите се упатија кон заштитната ограда поставена пред Парламентот.

Еден демонстрант е приведен откако скандирааше „Вучиќу шиптару ќе платиш за предавството“ и „Не го даваме Косово“.

Во Собранието на Србија денеска се одржува конститутивната седница, a пратениците излегоа нa пауза. Вратите на Парламентот се затворени, а пратениците не ја напуштаат зградата.

Српското опозициско движење Доста беше (ДЈБ) синоќа одржа протестот пред Парламентот и најави дека денеска во девет часот ќе го блокира Собранието за да не се одржи конститутивната седница, бидејќи изборите се фалсификувани.

Извор:МИА