Со трансплантација во Македонија овозможен живот за шест лица, каде чука донирано срце

Европскиот ден на органодарителство посветен на семејствата - донатори на органи. На 23 мај 2020 година се направи првата трансплантација на срце во Македонија, а денес пациентот во кое чука срцето на Динева се чувствува одлично. Тој вели дека срцето на оваа млада жена му подарило нов живот.

150

На 23 мај 2020 година се направи првата трансплантација на срце во Македонија, а денес пациентот во кое чука срцето на Динева се чувствува одлично. Тој вели дека срцето на оваа млада жена му подарило нов живот. Благодарност и до семејството Белчовски изрази млад пациент на кој пред шест месеци му беше трансплантирано срце. -Немав друг избор, само со трансплантација можев да живеам. Сакам да се видам со фамилијата Белчовски за да им се заблагодарам лично што ми подарија живот – вели младиот човек.

Благодарност до семејствата во Македонија кои изминатава година и половина ги донираа органите и коскената срцевина на пациенти на кои им беше најпотребно. Тие ги спасија животите на повеќе лица на кои за да го продолжат животот им беше потребно срце, бубрег, коскена срцевина… На 23 мај 2020 година се направи првата трансплантација на срце во Македонија, а денес пациентот во кое чука срцето на Динева се чувствува одлично. Тој вели дека срцето на оваа млада жена му подарило нов живот.

Благодарност и до семејството Белчовски изрази млад пациент на кој пред шест месеци му беше трансплантирано срце.

-Немав друг избор, само со трансплантација можев да живеам. Сакам да се видам со фамилијата Белчовски за да им се заблагодарам лично што ми подарија живот – вели младиот човек.

Добро закрепнува и пациентот кој пред месец и половина доби донирано срце, како и лицето во чии гради пред една недела беше трансплантирано срце.

Ова се само дел од искрените желби и пораки што вчера ги искажаа со голема емоција и почит кон донорските семејства лицата кои имаат трансплантирано орган и кои добија втора шанса да го продолжат животот.

Задоволен од сработеното е и министерот за здравство Венко Филипче, кој вели дека и покрај ковид кризата, изминатиот период интензивно се работело да се зајакне системот на трансплантација на органи во земјава, кој е многу комплексен процес, во кој парципиентите – лекарите се врвни експерти, што на некој начин ја прават круната во медицината.

– Интензивно работевме да се зајакне тој систем, што е тренд во сите развиени држави. Поради тоа пристапивме системски. Најпрво се измени програмата за трансплантација за 2019 година, се ажурираа листите на пациентите на кои им беа потребни органи – бубрезите, во делот на Клиниката за нефрологија, која со години наназад работи во оваа сфера и има долгогодишно искуство. Клиниката за кардиологија, кога пред две години, заедно со Клиниката за кардиохирургија, почнавме со трансплантација на срце, свесни дека побарувачката за срце е многу поголема од оние кои можевме да ги добиеме од починат донатор – посочи Филипче, вчера по повод Европскиот ден на органодарителство каде беа поканети да присуствуваат лицата на кои им е трансплантиран орган и хуманите семејства кои донирале органи.

Тој информираше и за подготовките на Клиниката за дигестивна хирургија и гастроентерохепатологија, во делот на идентификување на пациенти на кои им е потребна трансплантација на црн дроб, како и активностите на клиниките за пулмологија и торакална хирургија за евидентирање на лица за трансплантација на бели дробови.

-Се зајакнува и електронскиот систем на ажурирање на електронскиот регистар, по приоритети. Препознавме дека за некои пациенти нема алтернатива и дека се дарува живот по смртта, ако ние со нашата реорганизација и дополнителна организација на сите капацитети и експерти направиме да функционира системот, и сè што значи трансплантација на срце и други органи, мора да значи стриктно придржување на протоколите, правење на соодветна типизација, сместување на пациентите, посебни тимови за експлантација и за трансплантација. И сакам сега да изразам благодарност и честитки до колегите кои беа вклучени во овие процеси, дека и покрај ковид-кризата лекарите нашле екстра ентузијазам и желба да сторат нешто што е тешко да се направи и без пандемија – кажа министерот Филипче.

По првата трансплантација на срце, направени се осум дијагностицирања на мозочна смрт и направени се уште пет трансплантации на срце, но трансплантирани се и 17 бубрези.

Покрај трансплантацијата на органи, Филипче кажа дека напредок е постигнат и за трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител, за што претходно пациентите се испраќале во странство.

– Направени се 35 такви трансплантации. Ние сме дел од светскиот регистар за коскена срцевина, што значи, нашите крводарители можат да даруваат крв и кој било пациент да биде соодветен примател, но и обратно, објасни Филипче кој рече дека за прв пат имаме банка за коскена срцевина.

Тој им се заблагодари на сите амбасади кои помогнале во зајакнување на системот за трансплантација на органи и коскена срцевина.

Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова-Мијовска и специјалистот хематолог д-р Ирина Пановска-Ставридис исто така им се заблагодарија на семејствата кои во најтешките мигови одлучиле да ги донираат органите на нивен близок починат, со што спасиле животи на други.

-Тоа се семејства со благородни души, но и со безгранична човечка љубов, кои во најтешките моменти во нивните семејства се одлучија за хумано човечко дело и спасија други животи – вели д-р Мојсова- Мијовска.

(В.Ма.)