Со термос ќе се навива за Уфа

20
Football Soccer - England v Russia - EURO 2016 - Group B - Stade Vélodrome, Marseille, France - 11/6/16 Russia fans let off a flare REUTERS/Jason Cairnduff Livepic

Раководството на рускиот фудбалски клуб Уфа им овозможи на навивачите да внесат термос на трибините за време на последните три натпревари од годината.

  • На последните три натпревари во 2017 година од рускиот шампионат, ќе бидете во можност да внесете термос (капацитет помал од еден литар) со топли пијалаци на трибините на стадионот „Нефтјаник“, соопшти прес-службата на клубот од руската република Башкортостан.

Уфа на 30 октомври ќе игра со Рубин, на 19 ноември против Урал, а на 3 декември ривал ќе и биде Амкар.