Со проектот „Паметен град”, Скопје ќе стане модерна престолнина

59

ННГрад Скопје е целосно подготвен да преземе сè што е неопходно неговите граѓани да добијат паметен и функционален град кој ќе биде во чекор со модерните европски градови. Ова го изјави Енвер Малиќи, заменик-градоначалник на Град Скопје на петтиот состанок на партнерите во проектот „Мечап“ (MAtchUP), на кој Скопје е домаќин.

– Тоа подразбира систематски собирани, корисни информации, организирани во функционален систем којшто ќе го поедностави секојдневниот живот на скопјани. Градот Скопје е посветен на тоа граѓаните на овој град да добијат ефикасни и евтини јавни услуги, со целосен увид во перформансите на градската администрација. Со реализација на проектот „Паметен град”, Скопје ќе стане модерна престолнина, каде што основен двигател се напредните информатички технологии – додаде Малиќи.