Со помош на синот Филип, Сашо изработи професионален сет на тапани и сними џез-албум

72

Сашо Стојановски, заедно со вредните раце на неговиот 13-годишен син Филип, кој е со посебни потреби, го изработи првиот професионален сет на тапани во регионот. Со тие тапани Сашо го сними својот прв авторски џез-албум кој го посвети на својот син и на сите лица со попречености.

Промоцијата на албумот е закажана за сабота, 25 септември во 20 часот во МКЦ и Сашо очекува да добие голема поддршка од истакнати музичари од Македонија. Претходно, истиот ден во 11 часот, пак, ќе биде организирана голема онлајн хуманитарна работилница во која ќе бидат вклучени активности од области на уметноста, науката, медицината, како и вклученост на дневни центри, стручни лица (дефектолози, логопеди, едукатори), јавни медиуми, познати македонски музички артисти, социјални мрежи и донатори. Сашо за весникот ВЕЧЕР вели дека собраните средства ќе се донираат како дидактички материјали и асистивна технологија за ученици со посебни потреби во основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“ во Кисела Вода, во кое учи Филип.

Пред извесно време Сашо започна со проект со наслов Different (различен) со кој сака да ја подигне свеста за лицата со атипичен развој и нивното интегрирање во сите сфери од општеството, како и да им помогне не родителите кои имаат лица со посебни потреби

Сашо Стојановски заедно со вредните раце на неговиот 13-годишен син Филип, кој е со посебни потреби, го изработи првиот професионален сет на тапани во регионот. Со тие тапани Сашо го сними својот прв авторски џез албум кој го посвети на својот син и на сите лица со попречености.

Промоцијата на албумот е закажана за сабота, 25 септември во 20 часот во МКЦ и Сашо очекува да добие голема поддршка од истакнати музичари од Македонија. Претходно, истиот ден во 11 часот, пак, ќе биде организирана голема онлајн хуманитарна работилница во која ќе бидат вклучени активности од области на уметноста, науката, медицината, како и вклученост на дневни центри, стручни лица (дефектолози, логопеди, едукатори), јавни медиуми, познати македонски музички артисти, социјални мрежи и донатори.

Сашо за весникот ВЕЧЕР вели дека собраните средства ќе се донираат како дидактички материјали и асистивна технологија за ученици со посебни потреби во основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“ во Кисела Вода, во кое учи Филип.

Сашо е познат инструменталист на тапани со над 20 годишно искуство на музичката сцена. Пред извесно време започна со проект со наслов Different (Различен) со кој сака да ја подигне свеста за лицата со атипичен развој и нивното интегрирање во сите сфери од општеството, како и да им помогне не родителите кои имаат лица со посебни потреби. За таа цел на социјалните мрежи се врти спотот за песната „Ден посебен“, кој ја отпеа Џон Илија Апелгрин, а во спотот се појавуваат Ана Беќарска, кое е лице со интелектуална попреченост и Александар Матовски-Цако, кој има Даунов синдром.

Сашо раскажува дека сетот тапани ги направил со неговиот син во домашни услови покажувајќи му го процесот на изработка, а Филип активно учествувал користејќи ги алатите, со што значително се подобрила неговата моторика.

– Филип боледува од ретко генетско заболување X-Fragile Syndrome. Јас и сопругата бевме преокупирани околу неговата состојба, дефектолошки и логопедски третмани, биохемиски испитувања. Овие активности чинеа премногу пари, па почнав да се занимавам со професии кои не се својствени за еден музичар. Оттука и тргна идејата за проектот Different – раскажува Сашо.

Многу е горд што успеал да направи сет на тапани со некомпетентен алат и што се прв ваков тип на инструменти во нашата држава, а во чија изработка е вклучено лице со посебни потреби. Вели дека правењето на тапаните одело многу бавно и со грешки кои се исправале во од, но љубовта и другарувањето со Филип му биле најважни.

– Општо познато е дека сите посебни дечиња се сензибилни на звук. За кратко време ги надминавме гласните звуци од чеканот и од другите машини. Имаше задолженија кои за него претставуваа предизвик за кои беше условен дека доколку ја заврши добро работата ќе биде награден. Повеќе беше наградуван отколку неговата помош, како и сите други деца. Најбитно за мене беше дека сме заедно каде покрај добра музика во позадина имавме квалитетно бесценето поминато време како татко и син – нагласи Сашо.

Со тие тапани и со помош на колегата Зоран Костадиновски, кој е аранжер на песните кои Сашо ги направил во изминативе 3 години, е креиран џез-албумот што утре ќе биде промовиран во МКЦ.

– Инспирацијата за музиката на мојот албум е поврзана со текот на настаните и случувањата кои ме опкружуваат каде се изразени како сите можни емотикони кои се претворени во музика – нагласува Сашо кој упатува голема благодарност до сите кои му помогнале да се реализира албумот. Вели дека слушајќи ги песните во албумот се забележуваат повеќе стилови и влијанија како фјужн, прог, фанк блуз и друго.

Тој потсетува дека е само еден од многуте родители во нашата држава кои се борат за правата и условите со кои се третирани лицата со атипичен развој.

– Постојат дневни центри, здруженија, организации, група на граѓани и други кои мака мачат да обезбедат основни услови. За жал сите процеси во врска со оваа ранлива категорија на деца оди премногу дневно. Последен пример е почетокот на школската година каде што ретко кој од децата тргнаа на време. Владата ги укина приватните образовни асистенти кои родителите сами си ги подмируваа. Моменталната процедура е да секое лице со попреченост има категоризација која се добива единствено во (МКФ) Меѓународната класификација на функционирање. Без оваа категоризација детето има една единствена опција да следи настава онлајн. Конкретно во нашиот случај ние чекаме од април месец 2021 година да нè повикаат на категоризација. Процедурата е за поздрав, меѓутоа не функционира. Единствено е да се бориме како родители и да бидеме погласни и поприоритетни и искрено се надевам дека ќе бидеме повидливи – истакнува Сашо кој вели дека ќе продолжи и натаму да ги реализира плановите што ги замислил и дека ќе истрае и покрај препреките на кои ќе наидува.

Хуманитарна работилница во сабота на лајв стрим !

Проектот Different е подржан од Министерство за култура во кој се вклучени активности од различни области на уметноста, науката, медицината како и вклученост на дневни центри, стручни лица (дефектолози, логопеди, едукатори), медиумите, познати македонски музички артисти, социјални мрежи и донатори.

– Хуманитарната работилница би започнала во 11 часот во паркот на МКЦ и би траела се до 14 часот. Првично идејата беше да биде голем хепенинг за лицата со попречености каде што ќе има целосна музичка програма, подароци и дружење но поради тековните заштитни мерки од ковид-19 сепак тоа ќе биде сведено на истата програма емитувана на лајв стрим преку социјалните мрежи. Отворена е хуманитарна сметка 240 100 115 398 014 во Уни банка, како и број за донации преку Македонски телеком на 143 – 402 и преку А1 на 143 – 470 во целата кампања за проектот се’ до денот на реализација. Вечерта со почеток од 21 часот ќе биде одржана промоцијата на SS Project – Different со настрап во живо во МКЦ кино Фросина. Искрено се надевам дека мојата иницијатива ќе допре длабоко во секое семејство во нашата држава како пример за инвентивност, истрајност, инклузивност, посветеност и голема борба за нашите посебни деца за нивна подобра и светла иднина – вели Сашо.

(С.Бл.)