Со повисоки стандарди на сместувачките капацитети во Делчево до повеќе туристи

93

Да се почитува стандардизацијата и категоризацијата на туристичките капацитети за поголема туристичка посетеност во регионот. Ова е главниот заклучок од денешната четврта работилница за стандарди во туризмот која во Делчево се одржа како дел од втората фаза на проектот кој Центарот за развој на Источниот-плански регион го спроведува како дел од Програмата за зачувување на природата. Како што истакна координаторот на проектот, Андреа Златковска, за туристите да добијат услуги кои се вредни за парите кои ги даваат мора да се почитуваат и прошишаните правила.

– Дефинитивно стандардите во туризмот се нешто кое Република Македонија треба да го почитува доколку сака да го подигне степенот на туристичката посетеност и искористеност на постојните капацитети кои што ги има и секако и во иднина бидејки се стремиме да придонесеме кон зголемување на туристите, како во овој регион така и низ целата држава, мораме да се придржуваме кон тие правила кои се пропишани се со цел и домашните и странските туристи кои што ќе бидат посетители на овој регион и на целата држава да добијат услуга која што ја заслужуваат, која што ја сметаа вредна за парите и која што ја сметаат за некој минимум на искуство и услови кои треба да бидат задоволени како тцелото тоа искуство би било позитивно – истакна Златковска.

Општина Делчево, која е дел од координативното тело за туризам, како што истакна советникот за локален економски развој, Тони Стоименовски, во изминатата година подготви регистер и целокупна документација на туристички сместувачки капацитети.

– Средбата е збогатена со стопанственици кои во Делчево имаат свои соби за издавање. Приликата сакаме да ја искористиме да апелираме до сите приватници кои имаат до 20 кревети сместувачки капацитети да се пријават во општина Делчево, да бидат евидентирани со цел да можат да ги користат субвенциите на Министерството за економија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието, за да ги зајакнат капацитетите и да ги подобрат сусловите за сместување за потенцијалните туристи – истакна Стоименовски.