Со повеќе активности се одбележува Денот на ослободувањето на Битола

51

Општина Битола со низа програмски активности почна да го одбележува 4-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Битола.
Според програмата, вчера во организација на МКЦ-Битола се одржа традиционалната конференција “Недела на претприемништвоЌ, а вчеравечер во битолската кугларница беше приреден ревијален кугларски турнир.

Од општина Битола информираат дека програмата ќе продолжи утре со ликовна изложба која традиционално ја организира Друштвото на ликовните уметници ДЛУБ-Битола, а во 18:30 часот на Широк сокак ќе се одржи ноќна атлетска трка.

В сабота, на денот на празникот, градоначалникот на Битола, Наташа Петровска ќе приреди приеми за претставници на Сојузот на борци, како и претставници на збратимените градови Плевен од Бугарија и општина Стари Град од Белград, Србија. Точно напладне ќе биде организирани летечки активности со параглајдери кои ќе полетуваат од врвот Пелистер.

Според востановената традиција на 4 ноември ќе биде приредена и свеченост на која ќе биде доделена наградата “4 Ноември” за минатата година и таа ќе се одржи во сабота навечер во НУ Народен театар-Битола.