Со новите 389 смртни случаи, бројот на жртвите од коронавирусот достигна 22.245 во Франција

54

Од 1 март во Франција починале 22.245 лица како последица на заразата со Ковид-19, а само во последните 24 часа бројот на смртните случаи е 389, јави дописникот на МИА.

Вечерва на болничко лекување се наоѓаат 28.658 лица, а 4.870 се на интензивна нега. Бројот на новопристигнатите пациенти во болниците и потребата од интензивна нега постојано се намалува повеќе од 15 дена.

Инаку од 1 март над 87.000 лица имаа потреба од болничко лекување и околу 15.000 интензивна нега.

Француските здравствени власти предупредуваат дека „движењето на вирусот останува на високо ниво“

Извор:МИА