Со наградата за Марија До Сеу Гера, почна театарскиот фестивал “Актерот на Европа“

123

Со врачување на престижното признание „Актерот на Европа“ за 2019 година на португалската театарска и филмска актерка Марија До Сеу Гера, која е основач на култниот театар „Барака“ од Лисабон, завчеравечер во предворјето на Ресенскиот Сарај почна 17.  Интернационален театарски фестивал „Актерот на Европа“.

За посебни достигнувања во областа на промоција на Преспа, наградата „Клучевите на Преспа“ им беше врачена на Агим Пољоска од Северна Македонија и Захари Иванов од Бугарија. Повелбата „Балканот – срцето на Европа“ ја добија Стојан Андов од Северна Македонија, Ставрос Ѕимас од Грција и Кјутим Чашку од Албанија

Наредните денови Преспа ќе биде домаќин, како на театри од земјава, така и од соседството, меѓу кои од Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора,

Фестивалот завршува на 11 јули со прогласување на победниците и врачување на наградите за најдобрите театарски достигнувања на годинашното издание.