Веќе неколку дена се шушка за отказ на Ропналд Куман од Барселона, но засега Холанѓанецот останува на клупата и покрај катастрофалните резултати во последно време. Тој овој пат говореше за еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Лионел Меси, за кого истакна дека не сакал да губи ниту на тренинзите, а камоли на натпреварите.

  • Ако работевме на ударот на тренинг, некои играчи почнуваа со лесни удари, па дури почнуваа и да се глупираат. Но, со Меси, секогаш беше бум, бум, бум, бум. Нема средина, секогаш ефикасно. И тој секогаш сакаше да освои се, истакна Куман.

За време на некои вежби, победничкиот тим знаеше да го „казни“ противникот со формирање на две колони, додека во средината поминуваа „губитници“ кои добиваа „шлаканици“ по главата.

  • Го прашав Меси дали некогаш му се случило. Да, еднаш, ми рече. Сите тие години. Со него, постарите играчи никогаш не загубиле ниту на тренинг од помладите. Тоа му се случи еднаш и една недела сериозно се налути за тоа. „Вистински тиранин“, објасни Куман.

Инаку, Меси оваа сезона ја напушти Барселона по долги години минати во овој клуб и се пресели во француски ПСЖ.