Со која песна Ален Делон стана пејач ?

146

Славниот француски актер Ален Делон на свои 83 години си ја смени професијата. Наместо актер тој е сега пејач. Додуша, овие две професии се многу блиски, но Делон никогаш не се обидел професионално сосема сам да запее иако секогаш бил во друштво на славните француски пејачи: Жилбер Беко, Шарл Азнавур, Миреј Матје, Далида, Нана Мускури, Жо Дасен… Ова е само жив доказ дека Делон сè уште е полн со животна енергија. Песната со која ќе ја освојува публиката се вика многу едноставно “Те сакам”. Текстот е напишан од Французинката Жулија Пари, додека музиката е на Канаѓанецот Рик Алисон. Песната е снимена во студиото на познатиот Сен Жермен во Париз. Делон со интересен тивок глас ги рецитира зборовите на песната, што е повеќе за многумина како да чита љубовно писмо. Нешто како Раде Шербеџија со “Инес“. Но, тоа е таа одлична љубовна шансона со која Ален ќе се обиде да го освои светскиот музички пазар. За оваа песна снимено е и мошне убаво видео кое завршува со некоја жена која тој заносно ја гледа од прозорецот на Ајфеловата кула.