Со заработката од 56 милиони долари за една година, Скарлет Јохансон е најплатена актерка на светот

1158

Списанието „Форбс“ ја прогласи холивудската актерка Скарлет Јохансон за најплатена актерка на светот, бидејќи минатата година заработила 56 милиони години.

Оваа актерка за „Осветници“ добила околу 35 милиони долари. Нејзиното богатство се проценува на 164 милиони долари, а судејќи според правецот во кој се движи нејзината кариера и фактот дека таа е сѐ поангажирана во наградуваните филмови, нејзиното богатство само ќе расте.

На списокот на Форбс  за најбогати луѓе во светот Скарлет се наоѓа на 47-место, ама е прва по заработувачката што ја остваруваат актерки, пишува Инсајдер, а пренесува курир.рс.

Јохансон почнала да глуми на осум години, се има занимавано и со музика, театар, во улога на водителка, а минатата години најмногу заработи од блокбастерот „Осветници: Крај на играта“.

Јохансон е најпозната и по улогата во филмот „Загубени во преводот“, во кој играше заедно со Бил Мариј, а оваа година е номинирана за дури два оскари, за улогите во филмовите „Зајакот Џоџо“ и „Приказна за бракот“.

Досега им освоено неколку награди за својата актерска работа: награда БАФТА во 2004 година за улогата во филмот „Изгубени во преводот“, филмската награда на Ем-Ти-Ви заедно со колегите за најдобра борба во „Осветници“ во 2013 година и наградата по избор на публиката за омилена женска филмска изведба во 2018 година.