Со дрога во Меморијалниот центар „Пелинце“

486

Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово, во 4:00 часот, во Меморијалниот центар во с. Пелинце, Општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.К. (29) и А.П. (22), двајцата од Куманово, затоа што биле пронајдени кокаин, хероин и таблети кај нив.

Д.К. и А.П. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.