Со две минимални плати во Македонија не се живее, само се преживува!

Минималната плата треба да расте, бидејќи веќе и две минимални плати ако се соберат (40.400) не се доволни за покривање на месечните трошоци, кои изнесуваат 49 илјади денари. Значи, освен оние семејства што се со една плата, во категоријата ранливи граѓани треба да влезат и оние семејства што земаат две минимални плати и да добијат помош од државата. И оние семејства што имаат приход под 50 илјади денари во месецот, треба да бидат во ранливата категорија и имаат право на каква било субвенција од државата – вели за весникот ВЕЧЕР Иван Пешевски, потпретседател на Сојузот на синдикати за приватниот сектор

249

Минималната плата треба да расте, бидејќи со две минимални плати не се покриваат месечните трошоци, сметаат синдикатите. Оттаму сметаат дека треба да се зголеми опфатот на ранливите категории, бидејќи во категоријата ранливи граѓани треба да влезат и оние семејства што земаат две минимални плати, као и оние кои имаат приход под 50 илјади денари во месецот. И министерот за економија Крешник Бектеши најави дека минималецот догодина ќе се зголеми за најмалку 10 отсто.

– Согласно со сите податоци и методологијата утврдена од Владата за зголемување на платите, почнувајќи од минималната плата, на почетокот од наредната година, согласно со сите податоци и оние што ги имаме како институции, минималната плата ќе се зголеми со минимум 10 отсто, бидејќи имаме 14 проценти зголемување на просечната плата. Инфлацијата би требало да биде околу 5-6 отсто во делот на прехраната, а генералната од 7 до 8 проценти. На таков начин, зголемувањето на платите го надминува зголемувањето на инфлацијата, почнувајќи од јули годинава. Зголемувањето ќе биде уште поголемо до крајот на годинава и со одлуките на Владата, но и со праксите и начините како работат особено поголемите маркети – истакна Бектеши.

Синдикатите сметаат дека со растот на минималната плата, паралелно треба да растат и останатите плати, бидејќи многу семејства во државата едвај преживуваат, а не се во категоријата ранливи.

– Минималната плата треба да расте, бидејќи веќе и две минимални плати ако се соберат (40.400) не се доволни за покривање на месечните трошоци, кои изнесуваат 49 илјади денари. Значи, освен оние семејства што се со една плата, во категоријата ранливи граѓани треба да влезат и оние семејства што земаат две минимални плати и да добијат помош од државата. И оние семејства што имаат приход под 50 илјади денари во месецот, треба да бидат во ранливата категорија и имаат право на каква било субвенција од државата – вели за весникот ВЕЧЕР Иван Пешевски, потпретседател на Сојузот на синдикати за приватниот сектор.

Тој додава дека и покрај тоа што е намалена инфлацијата, сепак, минималната кошничка за август, во делот на храната, е зголемена од претходниот месец, јули, за 725 денари. Тоа значи дека и покрај мерките на Владата, трошоците не се намалени ниту за 100 денари, односно цените на тие 63 производи кои влегуваат во синдикалната кошничка, се зголемени.

Синдикатите очекуваат минималната плата да расте и предлагаат пропорционалното зголемување на другите плати да се реализира заедно со растот на минималната плата. Бидејќи со растот на минималната плата ќе се изедначат платите на работниците што имаат најниски плати со платите на категориите над нив. Тоа ќе придонесе за демотивираност кај работниците што се наоѓаат во групите кои треба да земаат повисоки плати од минималната, бидејќи нема сразмерно зголемување на платите, кое одговара на продуктивноста и на одговорноста на задачите.

(А.С.)