Со голи гради Ава придонесе за затворање на порталот меѓу Даблин и Њујорк

178

Целодневниот директен пренос меѓу Даблин и Њујорк, таканаречениот портал, привремено е затворен поради однесувањето на неодговорни поединци. Меѓу нив најмногу се истакна Ава Луиз, која имала идеја да мавта со голите гради пред граѓаните на ирската престолнина.

Госпоѓата со својот „успех“ се пофали и на социјалните мрежи, па рече дека граѓаните на Даблин заслужуваат да го видат, ја цитираме: „нејзините два компира од домашно производство“.

За жал, некои се однесуваа многу полошо од Ава, па на интернет се прошири видео од човек кој го подигна телефонот пред камерите и ги испровоцира њујорчани со прикажување на нападот на Светскиот трговски центар.

За потсетување, таканаречениот портал беше активиран на 8 мај и беше дизајниран како еден вид визуелен мост:

„Среќни сме што ги поврзавме Даблин и Њујорк, град со кој споделуваме длабока историска и културна врска“, рече градоначалникот на Даблин, Даити де Роист пред отворањето на порталот.

Градскиот совет на Даблин потврди дека ќе работи на „технички решенија за несоодветно однесување“.