Со голем граѓански марш и почит за загинатите борци Прилеп го чествува 11 Октомври

34

Со граѓански марш до Паркот на Револуцијата и Могилата на непобедените и со почит за загинатите херои и борци, Пирлеп достоинствено ги одбележува 11 Октомври, Денот на народното востание и 78-годишнината од почетокот на востанието.

Бројни делегации, од Сојузот на борците, претставници од кабинетот на Пртетседателот, на Собранието, од Владата, од Министерството за одбрана и АРМ, од градот-херој Прилеп, од политички партии, здруженија, граѓани се поклонија и положија венци и цвеќе во Алејата на народните херои каде се бистите на 10-те загинати херои, на споменикот „Жена-борец”, на Могилата на непобедените каде се моштите на околу 650 борци. Делегациите со почит и пред спомениците на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ; Методија Андонов Ченто и на идеологот на Народната револуција, Кузман Јосифоски Питу во центарот на Прилеп.

Обраќајќи им се на присутните пред Могилата на непобедените, прилепскиот градоначалник Илија Јованоски рече дека од Прилеп македонскиот народ се крена на вооружено востание и покажа готовност да се бори за својата национална слобода и независност.

11 Октомври 1941 година е логичен продолжеток на револуционерната борба на Македонија во изминатите децении, векови. Храбрите борци на Прилeпскиот одред отворија нова страница во историјата на македонскиот народ, го испишаа овој датум и Прилеп, градот – херој во историјата на македонската државност. Во текот на Народно-ослободителната војна од Прилепско зедоа учество 2.700 активни борци, а 15 народни херои и 650 борци од Прилеп ги положија своите животи на олтарот на слободата. Овој ден е симбол на непокорот, вечно сеќавање на непобедените борци, во чија чест денеска, во Прилеп го организиравме овој почесен марш, од Участакот до Могилата на непобедените, со кој ја обновуваме традицијата, сите заедно да им оддадеме почит за нивната храброст и пожртвуваност, рече Јованоски.

Тој нагласи дека го исполнуваме заветот на нашите предци, продолжуваме да ја градиме нашата држава како безбедна, развиена и просперитетна држава.

– Сигурно чекориме на патот на евроатланските интеграции. Со успешно завршување на преговорите ја остваруваме стратешката цел – да бидеме полноправна членка на НАТО Алијансата. Ги поставивме темелите на безбедна, стабилна и сигурна држава, рече претседателот на прилепскиот Сојуз на борци, Круме Соколоски, и нагласи дека е и емотивно врзан за празникот зашто од фамилијата има загинато петмина борци.
Упати порака до новите генерации да запаметат и заедно да ја градиме иднината.

Емоциите се неизбежни за 11 Октомври. Македонскиот народ имал бројни востанија, но ова од 11 Октомври, 1941-та е единственоито слободарско кое заврши со успех и донесе слобода и независност на Макеоднија. Ова е најмасовен и најголем собир за празникот. Новите генерации да паметат и да го знаат влогот на нашите херојски предци и загинати борци и да ја градиме иднината, порача Соколоски.

Според министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска им оддаваме почит на загинатите борци, го живееме сонот на нашите предци и истовремено сме исправени пред нов предизвик.

-Сакам да упатам апел до сите наши граѓани да не ги заборавиме сите кои ги положија животите за нашата земја, да се обидемие сите заедно да изградиме општество на помирување кое ќе го темелиме на соживот, просперитет и благодет за идните поколенија. Денеска го живееме сонот на нашите предци, но сме исправени и пред нови предизвици. Денеска ја градиме европска Македонија која почива на темелите на слободата, демократијата и човековите права. Процесите што ги започнавме гарантираат сигурност, стабилност, здрава економија. Тоа не охрабрува да продолжиме со нашата визија, земјата да ја однесеме каде што припаѓа, во европското семејство. Имаме историска одговорност да ги подигнмеме сите капацитети на оваа држава, да докажеме пред меѓународната јавност, но и дома дека сме на вистинскиот пат. А тој пат е обединетост, заедништво и подобро утре за сите наши граѓани. 11 Октомври е врежан во историјата на секој од нас. Тој е патоказ на нашата иднина.

Затоа мораме похрабро и решително да чекориме и да ја реализираме нашата стратешка цел, а тоа е полноправно членство во ЕУ и НАТО, рече Сугарески.