Сотировски за весникот ВЕЧЕР: Еврејската секта транзитира низ државава, денеска заминува кон Албанија!

1624

Комисијата за односи со верските заедници ги уверува граѓаните дека нема никаква основа за грижа, групата странски државјани кои по вероисповед се припадници на еврејска секта и имале престој во Куманово транзитираат низ државата и денес истата ќе ја напуштат, на граничниот премин кон Албанија.

-Лицата од групата немаат воспоставено никаков контакт пред или за време на престојот со македонската Еврејска верска заедница, ниту имаат одобрен престој за вршење на манифестации на верата, богослужби или верски поуки. Нивниот престој не е во корелација со нивното верско убедување, ниту е забележана повреда на законот или правата и слободите на други лица наши државјани, изјави директорот на КОВЗ Даријан Сотировски за весникот ВЕЧЕР .

Инаку, голема паника се крена во јавноста откако поголема група странски државјани се досели во Куманово и беа забалежани низ кумановските улици. Групата имала околу 40-тина лица, меѓу кои забележително имало и поголемо присуство на деца. Тие биле несекојдневно облечени и имаат чуден начин на живот што влева немир кај кумановци, особено во населбата Зелен рид во каде биле привремено сместени под кирија .

Се работи најверојатно за радикалната еврејска верска група Лев Тахор, која претходно престојувала во Босна и Херцеговина. Лев Тахор значи – „чисто срце“ цитат од библиски пасус и во моментов има околу 250 членови. Тие имаат строги правила во однесувањето, во врска со исхраната, а нивните молитви се подолги и погласни од оние во другите еврејски деноминации.

Водачот на групата Шолмо Хелбранс е роден во 1962 година, а тој и неговите следбеници постојано биле обвинувани за злоупотреба на деца, поради што, често го менуваат местото на живеење.

Претнодно, кумановската полиција соопшти дека групата има целосно легален престој во државава.