Составот на новата Влада на 18 јуни пред пратениците  

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вторник, на 18 јуни до Собранието ќе го достави предлогот за состав на идниот владин кабинет, откако претходно во недела ќе го презентира на седници на Извршниот и Централниот комитет на партијата, каде составот треба да биде потврден. Иако веќе на големо се шпекулира со дел од имињата кои ќе ја сочинуваат владата, сепак Мицкоскии не ги соопшти имињата на функционери кои ќе ја сочинуваат новата Влада. Освен Вреди кои ги обелоденија имињата на функционерите, изминатиот период во јавноста се шпекулира и со имиња на министрите од ВМРО-ДПМНЕ. Од ЗНАМ на Максим Димитриевски се најтаинствени. Оттаму нема информации кој ќе раководи со Правда и со Администрација, двете министерства каде што се очекуваат коренити промени.

88

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вторник, на 18 јуни до Собранието ќе го достави предлогот за состав на идниот владин кабинет, откако претходно во недела ќе го презентира на седници на Извршниот и Централниот комитет на партијата, каде составот треба да биде потврден. Иако веќе на големо се шпекулира со дел од имињата кои ќе ја сочинуваат владата, сепак Мицкоскии не ги соопшти имињата на функционери кои ќе ја сочинуваат новата Влада.

 -Јас не би зборувал во името на другите партии, во името на коалиционите партнери. Што се однесува за ВМРО-ДПМНЕ, ние сме структура која има организациска поставеност, вертикална, функционира врз основа на статут и во согласност со законите и Уставот. Во недела ќе има седница на Извршниот и Централнот комитет, ќе бидат претставени кадровските решенија од моја страна како мандатар, со нивната биографија. Очекувам да се произнесат, а ако тоа е позитивно и успешно, да бидат соопштени на јавноста. Официјалниот список на идната Влада и програмата, на 18-јуни, во вторник, ќе бидат доставени до Собранието, изјави Мицкоски.

Тошковски не оди во МВР, ќе биде владин генсек?!

Освен Вреди кои ги обелоденија имињата на функционерите, изминатиот период во јавноста се шпекулира и со имиња на министрите од ВМРО-ДПМНЕ. Според последните неофицијални информации кои протекоа вчера, од ВМРО-ДПМНЕ клучни позиции ќе заземат потпретседателите на партијата. Од ЗНАМ на Максим Димитриевски се најтаинствени. Оттаму нема информации кој ќе раководи со Правда и со Администрација, двете министерства каде што се очекуваат коренити промени.

Јасно е дека премиер ќе биде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Се шпекулира дека генерален секретар ќе биде Панче Тошковски, актуелниот градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски ќе биде шеф на дипломатијата, министер за финансии – Гордана Димитриеска Кочоска, министер за одбрана – Игор Јанушев, за внатрешни работи – Александар Јанев, министер за заедници – Љупчо Димовски, министер за енергетика – Сања Божиновска, министер за образование и наука – Весна Јаневска, за транспорт – Александар Николовски, а за земјоделство – Цветан Трипуновски. Министер за спорт ќе биде Борко Ристевски.

Имињата на идните функционери од коалицијата Вреди веќе ги соопштија Изет Меџити, и неговиот коалициски партнер од Алијанса, Арбен Таравари. Меџити потврди дека тој ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија, а дека градоначалникот на Општина Гостивар и лидер на АА Таравари ќе биде министер за здравство. Меџити најави дека „Вреди“ ќе има двајца албански вицепремиери во новата извршна власт, а како сериозен кандидат за вицепремиер за добро владеење го спомена Арбен Фетаи од Алијансата за Албанците на Таравари. За вицепремиерското место за евроинтеграции, пак, одлука ќе носи Алтернатива. Неофицијално, Алтернатива ќе има министер за економски прашања, министер за економија и труд ќе биде Бесар Дурмиши, а за социјална политика – Фатмир Лимани.

Идниот премиер беше дециден дека дел од новата влада ќе бидат ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ, а СДСМ, ДУИ и Левица ќе бидат опозиција.

-Што се однесува до составот на идната влада, таа ќе е составена од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“ или „Влен“ и политичката партија „ЗНАМ“ предводена од градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски. Во Македонскиот парламент во опозиција ќе биде коалицијата „Европски фронт“, коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ и политичката партија Левица. Со тоа ќе биде реализирано и второто ветување кое го дадовме на изборите. Првото ветување беше реорганизација на составот на влада, второто ветување е ДУИ во опозиција, третото ветување 400 до 450 милиони евра инвестиција во производство на електрична енергија од обновливи извори која ќе ја види македонската јавност на 25 јуни, изјави Мицкоски.

Кратење на администрацијата

Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски вчера истакна дека отворена била вратата за сите пратеници за да дадат поддршка за реорганизација на министерствата и тој лично разговарал со СДСМ.

 -Гласаа пратеници на ДУИ, точно, но од Коалицијата Европски фронт гласаа и од Турската партија, од Демократската партија на Албанците. Очекувавме да гласаат и пратениците од коалицијата на СДСМ и од Левица. Бидејќи тоа што не го кажува СДСМ, а треба да се знае, е дека јас лично остварував со нив контакти цело време. И вратата за сите пратеници да го поддржат овој закон, беше отворена. Дел од идните опозиционери гласаа и препознаа квалитет во овој закон и гласаа, додека дел од идните опозиционери кои не препознаа квалитет или имаа некои други политички математики и калкулации не гласаа, рече Мицкоски.

Запрашан за став поради коментарите во јавноста дека повеќе со реорганизацијата и поголемиот број министерства, се зголемува и така пренатрупаната администрација, Мицкоски рече најави намалување на вработените во јавната администрација за повеќе од 10 проценти, затоа што идната Влада нема да има повеќе организациски или економски директори, со што за стотина функционери администрацијата ќе биде помала. Со воведувањето на еден Клинички центар, според него, ќе има кратење на уште 50-тина функционерски места, а онаму каде што има простор ќе се укинат и заминиците директори и дел од институциите. Идниот премиер најави и намалување на пратениците во македонскиот Парламент од 120 на 90, но за тоа е потребно отварање на Уставот.

Мандатарот посочи и дека решавањето на состојбите на Клиничкиот центар ќе биде еден од главните приоритети. (В.С.Н.)