Соседите се подготвуваат: Албанија ги набави првите тестови за мајмунски сипаници

16

На почетокот од туристичката сезона кога почнува зголеменото движењето на граѓаните,  Албанија ги набави првите тестови за мајмунски сипаници.

Во Албанија сè уште нема потврден случај на мајмунска сипаница, но сепак обезбедени се првите 250 тестови, со кои ќе се дијагностицира оваа болест во лабораторијата на Институтот за јавно здравје во земјата.

Албанија и понатаму е земја со низок ризик за појава на зараза со мајмунски сипаници, велат експертите од Институтот за јавно здравје, додека европските земји се во состојба на готовност бидејќи се пријавени повеќе од 1.700 случаи.