Сè што е убаво и на господ му е мило, а тие се навистина убави, некои вистински убавици кои можат да се најдат на насловни страници на светски магазини или на модни писти, а ние малку знаеме за нив – само дека се сопруги на наши политичари

 

Крешник Бектеши, Бујар Османи, Љупчо Николовски, Александар Николоски, Стефан Богоев, веројатно нема човек кој не ги препознава барем од ТВ-екраните. Речиси секојдневно нивните имиња се вртат по медиумите, во улога на министри, политичари, градоначалник.

А многумина велат дека најубавиот дел од нив дека го чуваат за себе – нивните сопруги, најчесто далеку од очите на јавноста. А сè што е убаво и на господ му е мило. А тие се навистина убави, некои вистински убавици кои можат да се најдат на насловни страници на светски магазини,а сигурно да посакаат биги освоиле и најголемите светски писти.

Илка Бектеши е сопругата на министерот за економија Крешник Бектеши. Не може да не се забележи: со изразен вамп-изглед, исклучително модерна, со достоинствено држење. Каде и да се појави, нека прости министерот Бектеши, ама сите погледи се вперени во неа. Мајка е на две деца, ама според ставата вистински модел и вистинска дама со манири.

 

На Валбона Османи не може да останете рамнодушни.Го вртите погледот по неа каде и да се појави. Со кристално сино-зелените очи, сензуалната уста, односно со севкупната појава, го свртува вниманието на секого. Може да биде одличен модел за реклама за козметика за нега на лице и тело. Мајка е на две прекрасни деца, син и ќерка, сопруга на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Андријана Николовска е атрактивна млада жена, со кус стаж како сопруга на Љупчо Николовски, заменик на претседателот за борба против корупција и криминал. Харизматична, отворена и секогаш пригодно средена соодветно на настанот. Иако не се појавува често на јавни настани, го привлекува вниманието со нејзината појавност. И двајцата се од Крива Паланка, а нивната младешка љубов ја крунисаа со брак минатата година.

Александра Николоска е сопруга на политичарот Александар Николоски. Атрактивната бринета не може да остане незабележана поради шармот и нејзиниот изглед на Латиноамериканка. Впечатливиот изглед го надополнуваат интересно одбраните парчиња кои таа ги носи во посебни пригоди. И двајцата сопружници се охриѓани.

Ивана Богоева е симпатична венера, модерна и секогаш тип-топ средена. Со внимателно избран стајлинг, адаптиран според пригодите, на кои го придружува својот сопруг, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев. И двајцата се исклучително шармантни кои својата долгогодишна врска ја крунисаа со брак веднаш откако Богоев стана градоначалник.